метју меконахи
Метју Меконахи и неговата сопруга Камила / Фото: Профимедиа

Метју Меконахи проговори за бившите и моментот кога ја запознал вистинската: „По 20 години, сè уште ја сакам само неа“

Метју Меконахи ретко зборува за својот љубовен живот, но овој пат се отвори повеќе од кога и да е. 56-годишниот актер се осврна на минатите врски, познатите поранешни партнерки и моментот кога сфатил дека конечно ја нашол жената на својот живот – Камила Алвес.

Актерот открил дека во своите триесетти години помислил дека засекогаш ќе остане неженет. Сè се променило кога, како што вели, добил „знак во сон“ којго насочил да престане да ја форсира потрагата по совршена жена.

„Сфатив дека сакам да бидам татко. Пораката беше јасна – престани да брзаш, препушти се и дозволи вистинската жена сама да се појави“, напиша Меконахи.

И токму така и направил, престанал да бара. Три месеци подоцна ја запознал Камила.

Пред бракот, Метју бил во врска со бројни познати актерки, меѓу кои и Сандра Булок, Пенелопе Крус и Рене Зелвегер. Но признава дека ниту една од нив не била „онаа вистинската“.

„Запознавав, поминував време и сериозно се забавував со прекрасни жени, но сите тие беа станици на патот, а не дестинација“, напиша тој. „Во средината на триесеттите барав животна партнерка, најдобар пријател, идната мајка на моите деца. Ја барав неа

А потоа дошла Камила.

„Три месеци подоцна ја запознав. И дваесет години подоцна, таа сè уште е единствената жена со која сакам да излезам, да спијам и да се разбудам покрај неа“, призна актерот.

Метју и Камила почнале да се забавуваат во 2006 година. Пред да се венчаат, ги добиле Леви (17) и Вида (15), а свадбата ја направиле во 2012 година. Третото дете, Ливингстон (12), се родил во 2013 година.

Како што пишува „Хелоу магазин“ актерот неодамна открил и зошто на почетокот се плашел од брак. Во еден поткаст признал дека токму неговиот тогаш четиригодишен син Леви го поттикнал да ја запроси Камила.

Леви го прашал: „Тато, зошто мама не се презива Меконахи?“

„Го гледам и мислам – брат, имаш четири години … ама тоа беше добро прашање“, се присетува Метју со насмевка.

„Потоа ме погледна и ме праша: Ти е страв? И тогаш сфатив – да, можеби ме беше. Не сакав да го направам тоа затоа што така треба, туку кога ќе почувствуваме дека е вистинскиот момент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот