Метеж пред центарот за социјални работи во Куманово – интервенира полицијата

Граѓаните најмногу прашувале како да се запишат на списоците за користење на платежна картичка и како банката ќе им ја достави.

Големиот интерес за платежни картички но и за другите социјални трансфери предизвика турканици пред кумановскиот центар за социјални работи, за што веќе два дена со ред се бара интервенција од СВР Куманово за да се одржи потребната дистанца со цел да се заштити здравјето на луѓето.

Корисници на различни социјални трансфери од Куманово изминатиов период, секојдневно доаѓаат пред Центарот за социјални работи и бараат информации како да се запишат на списоците за користење на платежна картичка.

По најавувањето на овие мерки за ублажување на последиците од коронакризата сериозно е зголемен интересот кај граѓаните за начинот на остварување на оваа бенефиција.

-Поради големиот интерес се создаваат сериозни турканици особено во утринските часови, така што побаравме секојдневна асистенција од МВР за да се воведе ред поради заштита од коронавирусот и максимално да се почитуваат препораките за носење макска и држење физичка дистанца, изјави директорката на установата, Александра Арсовска.

Таа додава дека за да ги избегнат гужвите барателите ќе можат да добијат секаква информација и преку фиксен и мобилен телефон.

Граѓаните најмногу прашувале како да се запишат на списоците за користење на платежна картичка, како банката ќе им ја доставува картичката, некои имале различна адреса од наведената во документите, некои немале телефон за контакт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот