Меси: Им се извинувам на навивачите, грешев, но сè беше во корист на клубот!

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лошите односи помеѓу еден од најдобрите играчи на светот и Барселона се завршени после 40 дена.

Дали Меси ќе ја напушти Барселона беше прашање кое го интересираше целиот свет. Во денешното ексклузивно интервју за каталонскиот „Спорт“, Аргентинецот испрати сосема спротивни пораки од оние што ги слушавме претходните недели.

– По толку многу несогласувања и конфликти, сакам конечно да ставам крај на сето ова. Сите навивачи на Барселона мора да се обединат и да бидат сигурни дека најдоброто за нашиот клуб допрва доаѓа. Уште поголема страст, ентузијазам, тоа е единствениот начин да се постигнат сите наши цели. Секогаш обединет во иста насока – рече Меси.

Меси ја критикуваше Барселона: Ништо повеќе не ме изненадува!

Членот на каталонскиот клуб ја презеде одговорноста за неодамнешните настани и воедно испрати порака до навивачите на Барса.

Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. А тоа го правев само за да ја направам Барселона подобра и посилна. Сакам да испратам порака до сите членови на клубот и навивачи. Доколку ги навредив на кој било начин со нешто што направив или кажав, тие мора да знаат дека тоа го правев секогаш размислувајќи за тоа што е најдобро за клубот и неговите интереси – додаде аргентинскиот интернационалец.

Комплетното интервју на Меси: Несреќен сум но останувам, оваа управа на Барселона е катастрофа

Да потсетиме, сè започна со доаѓањето на новиот тренер Роналд Куман на клупата на Барселона пред 40 дена. Меси тогаш на состанокот со новиот тренер го извести Холанѓанецот дека сака да го напушти клубот каде што е веќе 20 години и чиј заштитен знак е. Тој беше незадоволен од водењето на клубот, особено од Жозеп Марија Бартомеу. Барселона не освои трофеј во претходната сезона, а најголемиот срам се случи во Лигата на шампионите кога беше елиминирана и декласирана од Баерн со 8:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот