Меси ја критикуваше Барселона: Ништо повеќе не ме изненадува!
Лионел Меси со поддршка за својот досегашен соиграч Луис Суарез кој го напушти „Камп Ноу“ после поминати шест години во клубот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Суарез си заминува од Барселона како еден од најдобрите напаѓачи кој клубот го имаше во 21 век, а и генерално во историјата.
Но, Каталонците не се однесуваа така според него, што ниту малку не му се допадна на Меси, а како што вели Аргентинецот во најновата објава на Инстаграм, „веќе ништо не може да го изненади“.
– Ќе ми биде навистина тешко што нема да продолжам да ги поминувам деновите со тебе, во и надвор од теренот. На сите ќе ни недостасуваш. Поминавме многу години заедно, многу работи кои никогаш нема да ги заборавам. Ќе ми биде чудно да те гледам во поинаков дрес, а уште почудно да играм против тебе.
Заслужуваш да си одиш како еден од најважните играчи во историјата на клубот, постигна многу, како со тимот, така и индивидуално, а не да те „шутнат“ на начин начинот кој тие го направија тоа. Но, вистината е дека ништо повеќе не може да ме изненади во овој момент. Ти посакувам сè најдобро. Те сакам, се гледаме наскоро пријателе – напиша Меси на „Инстаграм“.


