„Збогум убиецу“: Оригиналната насловна страница посветена на Луис Суарез (ФОТО)

epa08535515 FC Barcelona's Luis Suarez celebrates after scoring a goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and RCD Espanyol at Camp Nou stadium in Barcelona, north-eastern Spain, 08 July 2020. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Весникот „Мундо Депортиво“ на оригинален начин му оддаде почит на Уругваецот кој доцна синоќа и официјално ја напушти Барселона и стана нов член на Атлетико Мадрид.

Луис Суарез вчера на полноќ и официјално стана нов фудбалер на Атлетико Мадрид со кого потпиша двегодишен договор.

Веста ја потврди довчерашниот клуб на Суарез, Барселона која објави дека и постигнат договор со Атлетико Мадрид за трансфер вреден шест милиони евра, а одличниот напаѓач денеска во 12.30 часот ќе има официјално простување на „Камп Ноу“.

Луис Суарез во Барселона пристигна 2014 година од редовите на Ливерпул во трансфер вреден 82 милиони евра и во шесте години успеа да стане трет најдобар стрелец во историјата на клубот.

Суарез на 283 натпревари постигна дури 198 годила и имаше 109 асистенции и освои четири титули во Ла Лига, четири Кралски купа, два шпански Суперкупа, една Лига на шампиони, еден УЕФА Суперкуп и ФИФА светско клупско првенство.

Поради тоа и не чуди што каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ ја имаше можеби и најдобрата насловна страница во весникот за фудбалерот кој практично беше избркан од Барселона, покрај неговата слика стоеше „Збогум,убиецу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот