Комплетното интервју на Меси: Несреќен сум но останувам, оваа управа на Барселона е катастрофа

Лионел Меси конечно стави крај на војната со Барселона и во интервки за „goal.com“ изјави дека останува на „Камп Ноу“ и наредната сезоната. Сагата околу Меси, односно војната помеѓу Аргентинецот и Барселона започна веднаш по неверојатниот пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, и тоа кога фудбалерот соопшти дека повеќе не се гледа како дел од клубот и сака да си замине.

Хронологија на конфликтот помеѓу Лео Меси и Барселона

Изминатата недела помина во секојдневни обвинувања и напади на двете страни, но денеска Меси одлучи да пресече. Иако инсистираше да си замине и дека клаузулата од 700 милиони евра е неважечка, Аргентинецот во интервјуто открива дека одлучи да ја одработи последната година од договорот и да избегне судски спор со клубот во кој настапува 20 години.

Ова Меси го открива во ексклузивното интервју кое пред еден час беше објавено од „Goal.com“, а ние ви го пренесуваме во целост.

Зашто чекавте толку долго за да го прекинете молкот и да излезете во јавноста?
– Пред се поради поразот во ЛШ во Лисабон кога ми беше многу тешко. Знаевме дека играме против силен противник, но не знаевме дека така ќе се заврши. Го извалкавме имиџот на клубот. Не сакав да правам ништо потоа. Чекав да помине време за да ги расчистиме работите.

Зашто и рековте на Барселона дека си одите?
– Им реков на луѓето во клубот, посебно на претседателот дека сакам да си одам. Тоа му го зборував цела година. Верував дека на клубот му се потребни нови, млади лица и дека моето време заврши. Жал ми е бидејќи секогаш зборував дека токму тука сакам да ја завршам кариерата. Ова беше тешка година во која многу патев. Претседателот цела година ми зборуваше дека на крајот можам да одлучам дали ќе останам или ќе си одам, но на крајот не го одржа зборот.

Прочитајте и...  Елмас и соиграчите во Наполи четири месеци не земале плата

Дали некогаш сте се чувствувале вака осамено?
– Никогаш не сум се чувствувал осамено, тие кои ме поддржуваат секогаш беа тука. Тоа ми е доволно за да продолжам понатаму. Но, ме повреди тоа што некои луѓе и новинари ја доведуваа во прашање мојата љубов кон Барселона. Тоа ми помогна да го видам вистинското лице на луѓето. Фудбалскиот свет е многу тежок и има многу лажни луѓе. Што и да се случи во иднина, мојата љубов кон Барселона нема да се промени.

Што највеќе ве повреди во последните 20 години? Многу луѓе тврдат дека ова е само еден потег за да издејствувате нов и подобар договор?
– Се по малку. Неколку пати имав можност да си заминат од клубот, парите не се проблем бидејќи можев да одам и на друго место да заработам многу повеќе. Но, секогаш велев дека ова е мојот дом, така се чувствував и се уште се чувствувам. Сега единствено чувствувам дека ми се потребни нви работи, нови цели.

Зашто на крајот останувате?
– Несреќен сум и сакав да си заминам. Не ми дозволија и одлучив да останам. Не сакам да одам на суд, никогаш не би и го направил тоа на Барселона. Управата на клубот на чело со Бартомеу е катастрофа. Клубот нема никаков проект, само ги крпат дупките. Му зборував на претседателот дека сакам да си одам, му го зборувам тоа веќе 12 месеци, но останувам само за работата да не заврши на суд. Мислев дека можам да си одам по крајот на секоја сезона, така зборуваше претседателот. Сега се правдаат дека тоа не сум им го кажал пред 10. јуни.

Прочитајте и...  Алушовски: Голманите можат многу повеќе, не сме без шанси во Кјелце!

Како реагираше семејството кога им кажавте дека сакате да си одите?
– Кога им кажав на сопругата и децата дека сакам да си одам, тоа беше голема драма. Целото семејство почна да плаче. Децата не сакаа да го напуштат градот и да ги менуваат училиштата. Мојата желба е да се натпреварувам на највисоко ниво, да освојувам титули… Давам се од себе да не ни се случи Рим, Ливепрул, а сега и Лисавон. Сега останувам во Барселона бидејќи никој не може да плати 700 милиони евра.

Дали ви сметаше тоа што многу се сомневаа во вашата љубов кон клубот?
– Највеќе ме погоди тоа што беа објавени многу невистини, лажни работи. Тоа што луѓето мислеа дека ќе одам на суд против клубот, такво нешто никогаш нема да направам. Повторувам, само го барав тоа што ми следува, а според договорот тоа беше да можам да си заминам. Сакав да си одам бидејќи сакав последните години од кариерата да ми бидат среќни. Во Барселона повеќе не сум среќен.

Како понатаму во Барселона?
– Ќе продолжам да играм во Барселона, но мојот став и желба ќе останат непроменети. Секогаш ќе давам се од себе, но сама да си одам. Сакам да победувам, натпреварувачки сум расположен и не сакам никогаш да загубам. Го посакувам само најдоброто за клубот, соиграчите и за себе, Искрено, не знам како ќе биде во иднина. Дојде нов тренер со нови идеи, тоа е добро но треба да видиме дали ќе имаме успеси. Тоа што можам да го кажам е дека останувам и ќе дадам се од себе.

Што прво помисливте кога сфативте дека има луѓе кои се сомневаат во вашата љубов кон клубот?
– Почувстував голема болка иако сум благодарен на овој клуб и го сакам. Никаде нема да играм подобро отколку тука, но сеедно имам право да одлучам. Барав нови предизвици во животот. Тоа беше добро за сите, и за клубот и за мене.

Прочитајте и...  Манчестер сити има нов интересен план за Лео Меси!

Како реагираше вашиот татко на веста дека сакате да си заминете?
– Во тие моменти беше тешко за сите. Но, претпостави дека тоа и моја желба. Да кажеме дека и сопругата беше во болка но сепак ми даде поддршка.

Синот Матео има четири години, дали е свесен што се случува?
– Да, Матео се уште е мал и не ја разбира ситуацијата. Тијаго ја разбира, тој е постар. Слушнал на телевизија и ме праша. Плачеше и ми велеше дека не сака да си оди од Барселона. Го разбирам, тоа беше тешка одлука.

Која е вашата порака за навивачите на Барселона?
– Како и обично, секогаш ќе давам се од себе. Оваа година воопшто не беше добра, но лицемерно е да се каже кога гледаме колку луѓе имаат проблеми со коронавирусот и го загубиле своите најблиски. Се надевам дека моите победи ќе можам да ги посветам на тие кои патеа.

Зашто испративте факс кога одлучивте да си заминете?
– Ипратив факс бидејќи сакав мојата одлука да биде официјална. Цела година му зборував на претседателот дека сакам да си одам, дека дојде време да пронајдам нови предизвици. Постојано ми повторуваше дека ќе разговараме, но ништо од тоа не се случи. Ипраќањето на факсот значеше дека мојата одлука е службена, дека сум слободен играч и сакам да си одам. Не сакав да одам против клубот туку само сакав мојата одлука да биде официјална.

Што се случуваше во ноќта во која Меси предизвика фудбалски земјотрес

Поврзани вести

ФИФА ги објави кандидатите за најдобар фудбалер во 2020 година!

Слободен печат

ЛШ: „Ранетите“ великани Интер и Реал бркаат спас во елитата!

Слободен печат

ВИДЕО: Директор на фудбалски стадион во Украина заврши во контејнер за ѓубре!

Слободен печат

Богдановиќ ќе ја продолжи кариерата во Атланта хокс!

Слободен печат

Алушовски: Голманите можат многу повеќе, не сме без шанси во Кјелце!

Слободен печат

ВИДЕО | Тантуровски: Хокејот во Македонија има традиција, потребна ни е затворена арена

Слободен печат

Остави Коментар