Хронологија на конфликтот помеѓу Лео Меси и Барселона

epa08512869 FC Barcelona's Lionel Messi reacts during the Spanish La Liga soccer match between Celta Vigo and FC Barcelona at Balaidos Stadium in Vigo, northern Spain, 27 June 2020. EPA-EFE/LAVANDEIRA JR

Лионел Меси и неговото заминување од Барселона се топ тема со спортските медиуми годинава.

Аргентинецот кој 20 години е дел од Барселона, а 17 години игра за првиот тим, сака да си замине од каталонскиот клуб, но информациите за неговата иднина во и надвор од Барселона се менуваат како на филмска лента.
Меси денеска најави дека околу 17. часот ќе издаде соопштение за конечната одлука, дали останува или си заминува од Барселона, но засега молк од неговиот табор.

Каталонските медиуми направија хронологија на конфликтот помеѓу Меси и Барселона кој се интензивира по срамниот пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

14. август: Барселона понижена од Баерн – Каталонскиот клуб загуби со неверојанти 8:2 од германскиот им во четртфиналето од ЛШ. Овој неверојатен пораз е доказ дека состојбата во Барселона е хаотична.
– Го допревме дното, на клубот му се потребни големи промени – изјави Жерар Пике по поразот.

Кике Сетиен/EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

16. август: Тренерот Кике Сетиен доби отказ – Само два дена по поразот од Баерн Минхен, управата на Барселона очекувано го отпушти трнеерто Кике Сетиен. Во исто време, Меси со семејството замина на одмор.

20. август: Прва информација дека Меси размислува за заминување – за време на одморот на Аргентинецот, фудбалскиот свет се крена на нозе откако се појави информација дека Меси сериозно размислува да си замине од Барселона .

25. август: Меси испрати факс со Барселона, клубот одговори исто така преку факс – Меси на совет од своите адвокати, преку факс ја извести управата на Барселона дека сака да си замине. Тој во факсот наведува дека може да си оди без плаќање на откупната клаузула која изнесува 700 милиони евра. Во истиот момент, навивачите на Барселона започнаа протести и бараат оставка на актуелната управа на клубот на чело со претседателот Хосеп Марија Бартомеу.

26. август: Сите патишта водат кон Манчестер сити – Само десетина часа по барањето на Меси да му биде овозможено да си замине без обесштетување, како главен фаворит за идна дестинација на Аргентинецот стана Манчестер сити. Освен Сити се споменуваат и имињата на ПСЖ, Интер и Манчестер јунајтед.

27. август: Бартомеу ја префрла одговорноста на Меси – Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу изјави дека ќе си поднесе оставка доколку Меси остане во екипата.

29. август: Меси не се појави на тренингот на Барселона – Првиот тренинг под водство на новиот тренер Роналд Куман помина без Лионел Меси. Аргентинецот бидејќи побара да си замине смета дека нема потреба да се појавува на тренинзите ан Барселона.
30. август: Ла Лига застана во одбрана на Барселона – Челниците на Ла Лига сопштија актуелниот договор на Меси со Барселона е важечки и дека клаузулата од 700 милиони евра а активна.

Хорге Меси пристигнува во Барселона/фото:EPA-EFE/QUIQUE GARCI

2. септември: Хорхе Меси пристигнува во Барселона на состанок со Бартомеу – Таткото и агент на Лео, Хорхе Меси пристигнува во Барселона каде во текот на денот го очекува состанок со Бартомеу. Средбата заврши без договор, клубот остана на ставот дека Меси е нивен играч, а Хорхе дека неговиот не се гледа повеќе во Барселона.

4. септември: Хорхе тврди дека клаузулата не постои, Меси останува на „Камп Ноу“ – Хорхе Меси и испрати писмо на Ла Лига во кое вели дека клаузулата во висина од 700 милиони евра не е важечка. Веднаш по тоа се појави информација дека Меси и во наредната сезона ќе игра за Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот