Што се случуваше во ноќта во која Меси предизвика фудбалски земјотрес

epa08604213 Lionel Messi of Barcelona reacts during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Manu Fernandez / POOL

Лионел Меси вчера и официјално ја извести управата дека сака да го напушти клубот.

Барањето за раскин на договорот со Барселона преку факс го доставија адвокатите на Меси, што е доволен доказ за сериозната намера на Аргентинецот да си замине од „Камп Ноу“.
Управата на Барселона веднаш свика интен состаноки по три часа одлучија да му одговорат на Меси и тоа преку факс со што започнаа отворена војна со фудбалерот.
„Ние сакаме да останеш во Барселона до крајот на кариерата“.

За сериозноста во намерите да си замине од Барселона, доволно говори податокот кој го открија шпанските медиуми, факсот кој го испратија адвокатите на Меси ќе се смета за веродостоен во случај целата работа да заврши на суд и поради тоа управата исто така одговори преку факс.

Развојот на настаните доби нов тек доцна во ноќта голем број на медиуми објавија дека претседателот Хосеп Марија Бертомеу конечно ќе поднесе оставка само за Меси да остане на „Камп Ноу“, а тоа го пренесе и релевантен медиум како Би-Би-Си…

Таа информација влеа надеж кај навивачите кои се собраа пред „Камп Ноу“ и извикуваа само две работи „Меси остани“ и „Бартомеу оди си“. Вклучувањето на навивачите во војната помеѓу Бартомеу и Меси ги осоколи претседателските кандидати Виктор Фонт и Жоан Лапорта кои ја имаат поддршката од поранешните фудбалери и фанови и преку Твитер бараа оставка од актуелната управа и итни избори.

Еуфоријата траеше неколку часа, а Меси и неговата иднина беа главна личност на социјалните мрежи. Тоа исто така траеше неколку часа и запре кога во директно видео обраќање се појави влијателниот и ценетиот новинар Марсело Бечлер. Бечлер беше првиот кој по поразот на Барселона од Баерн Минхен објави дека Меси сака да си оди од „Камп Ноу“, а овој пат имаше уште едно разочарување за навивачите.


„Одлуката на Меси е конечна и нема да се менува. Тој е длабоко разочаран од однесувањето на управата на клубот и смета дека е време да си оди. Неговиот избор е Манчестер сити“, објави Бечлер.

Потоа се огласи и Алфредо Мартинез кој ги урна надежите на навивачите.
„Морате да сватите дека е ова е крај. Отказот на Бартомеу нема да промени ништо, Меси е разочаран и донесе конечна одлука“, напиша Мартинез.


Од тој момент започна и хајката на новинарите кои го поддржуваат претседателот на Барселона и започнаа нападите кон Меси. Се јави дури и уште еден кандидат за претседател на Барселона, Тони Фреикс, кој според фановите на клубот е марионета на Бартомеу.
– Не сум загрижен поради заминувањето на Меси, разочаран сум поради начинот на кој го стори тоа – изјави Фреикс.


Во одбрана на Бертомеу застана и каталонскиот влијателен весник „Мундо Депортиво“, односно неговиот уредник, Санти Нола, кој е пријател со претседателот и жестоко го нападна Меси.

Тој го обвини Аргентинецот дека повеќе мислел на своите пријатели отколку на тимот, алудирајќи на тоа дека слободното време постојано го поминува со Луис Суарез. Санти Нола отиде подалеку и тврди дека Меси одлуката да си замине ја донел откако новиот тренер Роналд Куман го отпиша Суарез.


Со тврдењата на уредникот на „Мундо Депортиво“, останатите шпански медиуми објавија дека ова е дефинитивно војна помеѓу Меси и Бартомеу кој ја извади тешката артилерија само за да опстане на чело на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот