„Мерлин Монро“ на Ворхол продадена за 195 милиони долари: Ги собори сите рекорди!

Енди ворхол мерилин монро
Shot Sage Blue Marilyn, Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Станува збор за единствената слика што го „преживеа“ атентатот врз сликите на Ворхол, кој во неговото студио го направи концептуалната уметница.

Сликата „Shot Sage Blue Marilyn“, на која легендарната актерка Мерлин Монро ја наслика
Енди Ворхол, во понеделникот е продадена за 195 милиони долари, што ја прави најскапата слика создадена во 20 век, продадена некогаш на аукција.

Фото: Профимедиа

Сликата датира од 1964 година и настанала според прочуената фотографија. Аукцијата се одржа во куќата „Кристи“ во Њујорк. Почетната цена била 170 милиони долари, а дека добро ќе помине на аукцијата можело веќе однапред да се предвиди, бидејќи околу оваа слика имаше голема „возбуда“ и пред самата аукција.

Енди Ворхол, чиј живот во моментов може да се погледне и во документарниот филм на „Нетфликс“, ја насликал актерката за првпат во 1962 година, кога извршила самоубиство. Својата работа ја базирал на извадоци од филмот „Нијагара“, фокусирајќи се на нејзиното лице. И подоцна често му се навраќал. Од аукциската куќа „Кристи“ велат дека станува збор за едно од најпрепознатливите дела досега во историјата, споредувајќи го со „Мона Лиза“ на Да Винчи и „Раѓањето на Венера“ на Ботичели.

Фото: Профимедиа

Сликата има и причина зошто е продадена по оваа цена. Имено, таа е единствената која го преживеала „атентатот“ на сликите во студиото на Ворхол. Во септември 1964 година, во познатата Фабрика на Ворхол, на ѕидот се наоѓале пет нови дела, со ликот на харизматична актерка. Но, уметничката Дороти Подбер, која во посета на Ворхол пукала на четири од петте слики, рекла дека тоа е нејзина концептуална уметност. Уметникот Џек Чамлин, кој бил присутен, подоцна се присетил: „На една забава Енди ѝ рече на Дороти: „Може ли да пукам во тебе“. Таа одговори: „Да, ако може јас во тебе“, а тој закажа состанок за наредниот ден, што таа го сфати буквално. После сето тоа, имала доживотна забрана за влез во неговото студио.

Фото: Профимедиа

ФОТО | Мерилин Монро и Џо Димаџио: Љубов каква што му прилега на Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот