Мерил Стрип во оригиналот „Ѓаволот носи Прада“/Фото: Профимедиа

Мерил Стрип првично ја одбила улогата во „Ѓаволот носи Прада“: „Сакав да го удвојам хонорарот“

Мерил Стрип за малку ќе ја пропуштела една од нејзините највпечатливи улоги – на Миранда Пристли во „Ѓаволот носи Прада“, бидејќи во тоа време сериозно размислувала да се повлече од глумата. Оскаровката го открила ова во текот на промоцијата на долгоочекуваното продолжение на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, 20 години по оригиналот, истакнувајќи дека токму овој проект го променил нејзиниот поглед на сопствената кариера.

Појавувајќи се во средата во емисијата „Денес со Џена и Шејнел“ заедно со колегите Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи, 76-годишната актерка раскажала како течел процесот на преговори за филмот од 2006 година, пишува „Вариети“.

– Бев подготвена за пензија. Ме се јавија и ми дадоа понуда, а јас реков: „Не, нема да го направам тоа – се пошегувала Стрип.

Кога водителката Џена Буш Хејгер ја прашала зошто првично ја одбила улогата, Стрип ја објасни својата тактика.

„Знаев дека ќе биде хит“, ѝ рекла Стрип на водителката Џена Буш Хејгер (која самата има камео улога во „Ѓаволот носи Прада 2“).

„Го прочитав сценариото – беше одлично. Ме повикаа и ми дадоа понуда, а јас реков „Не. Нема да го направам тоа.“

Стрип рекла дека го предвидела успехот на филмот – и сакала да биде платена соодветно.

„Сакав да видам дали ќе го удвојам моето барање, а тие веднаш се согласија и рекоа ‘Секако’.“

Потсетувајќи се на одлуката, Стрип рекла: „Имам 56 години – ми требаше толку долго да сфатам дека можам да го направам тоа! Бев сигурна во тоа. Бев сигурна дека ќе биде хит. И им требав, чувствував. И го сакав тоа, но ако не сакаа да го направат тоа, бев во ред. Бидејќи сум стара – имам 56 години, бев подготвена да се пензионирам.“

На нејзино изненадување, студиото го прифатило нејзиниот услов без двоумење.

Таа додала дека тоа искуство било клучно за неа.

– Бев подготвена да се пензионирам, но тоа беше лекција – заклучила Стрип.

Мерил Стрип имала 57 години кога ја глумела модната икона Миранда Пристли. Сега, 20 години подоцна, таа ја повторува улогата во продолжението на филмот, заедно со Хатавеј (43), Блант (43) и Тучи (65). По оригиналниот „Ѓаволот носи Прада“, нејзината кариера повторно тргнала по нагорна линија со улогите во хитовите како „Мама Миа!“ (2008), „Џули и Џулија“ (2009) и „Железната дама“ (2012), за кој го освои својот трет Оскар.

Меѓу нејзините неодамнешни проекти се истакнуваат позајмувањето на гласот во анимираниот филм „Хоперс“, камео улога во „Проект Хајл Мери“ и серијата „Само убиства во зградата“.

ФОТО+ВИДЕО | Иванка Трамп и нејзиното семејство пристигнаа во Венеција за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

ФОТО | Ана Винтур и Мерил Стрип заедно на насловна на „Вог“: „Ликот во ‘Ѓаволот носи Прада’ е далеку од реалноста“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот