ФОТО | Ана Винтур и Мерил Стрип заедно на насловна на „Вог“: „Ликот во ‘Ѓаволот носи Прада’ е далеку од реалноста“
Долгогодишната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, се појави на насловната страница заедно со актерката Мерил Стрип, која го толкува ликот инспириран од неа во филмот „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada).
Препорачано
Фотографијата е дело на Ени Лајбовиц, а разговорот го водеше режисерката Грета Гервиг.
Винтур изјави дека за неа било „голема чест“ што токму Стрип ја глумела, но потенцираше дека ликот на Миранда Пристли е „далеку“ од неа.
„Тоа е извонреден подарок“, рече таа, осврнувајќи се на филмската интерпретација.

Таа зборуваше и за возраста и искуството.
„Ми се допаѓаат моите години. Се чувствувам живо, возбудено и свесно како никогаш досега, и сакам да учам – од моите деца и од сите тимови со кои работам низ светот.“
„Со искуството доаѓа чувство за рамнотежа и пропорција. Знаеш дека животот не е совршен и дека работите ќе тргнат наопаку, но мора да го дадеш најдоброто од себе. Ако не успее – продолжуваш понатаму.“
На прашањето дали би ги заменила професиите со Стрип, Винтур одговори со доза самоиронија: „Нема шанси. Немам никакви дарби. Не знам да пеам, да танцувам, да глумам… бескорисна сум со рацете, не знам да готвам, а сигурно не знам ни да шијам.

Филмот „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada), базиран на романот на Лорен Вајсбергер, со Ен Хатавеј во една од главните улоги, со години се смета за култен приказ на модната индустрија. Продолжението „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada 2) пристигнува во кината следниот месец.
Винтур и претходно го коментирала филмот, наведувајќи дека првично немала претстава што да очекува.
„Отидов на премиерата облечена во ‘Прада’, без да знам за што точно станува збор.“
На забелешката дека ликот е карикатура, таа се согласи: „Да, карикатура. Но беше многу забавно. Навистина уживав, беше многу духовито.“


