Мењан е новиот голман на Милан, Донарума во Челси или Јуве!?

Досегашниот играч на францускиот шампион Лил, Мајк Мењан е новиот голман на Милан, денеска официјално соопштија од италијанскиот клуб.
Само еден ден откако техничкиот директор на „росонерите“, Паоло Малдини изјави дека капитенот на миланската екипа Џанлуиџи Донарума си заминува од „Сан Сиро“, веднаш беше промовирана неговата замена.
Информациите велат дека се платени 13 милиони евра за 25-годишниот Мењан кој важи за суперталентиран голман, претходно беше дел од младинската школа на ПСЖ.
За репрезентацијата на Франција дебитираше во октомври 2020 година, а се наоѓа и на списокот играчи за настап на Европското првенство.
За Донарума се шпекулира дека ќе ги засили редовите на Јувентус, а интерес покажува и премиерлигашкиот гигант Челси.