Отказ за Пирло, Алегри се враќа во Јувентус

epa07586055 Juventus head coach Massimiliano Allegri celebrates with the Serie A title trophy at the end of the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Atalanta BC at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 19 May 2019. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Масимилијано Алегри ќе биде новиот тренер на Јувентус, а соработката треба да биде официјализирана во наредните неколку часа, јавува новинарот на Скај Спорт Италија, Фабрицио Романо.
Како што наведува Романо, Андреа Пирло во наредниот час и официјално ќе добие отказ по што Јувентус ќе го именува новиот тренер, Масимилијано Алегри.
Алегри имаше преговори и со Реал Мадрид, но и покрај тоа што понудата пристигна подоцна, сепак се одлучи да ја прифати понудата на  „старата дама“.
Алегри пет години седеше на клупата на Јувентус, од 2014 до 2019 година и освои пет титули во Серија А, но неуспесите во Лигата на шамионите го чинеа отказ. Оттогаш Алегри е без ангажман, но беше на платниот список на Јувентус.

Видео на денот