Меланија двапати го одби обидот на Трамп да ја фати за рака: Првата дама, иако лута, никогаш подобро не изгледала! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се вратија во Вашингтон, а додека се симнуваа од претседателскиот авион, првата дама на САД двапати го отфрли обидот на Трамп да ја фати за рака.

Според американските портали и видеата на социјалните мрежи, Трамп се обиде двапати да ја фати за рака додека се симнуваа по скалите од авионот, а таа го одби.

Дури кога почнаа да одат по пистата, Трамп некако успеа да ја фати за рака.

Првата дама и претходно ги одбиваше обидите на Трамп да ја држи за раката, а таа многу често во јавноста се однесува ладно кон негоОвој пат со нив беше и нивниот син Барон.

Фото: Профимедиа

За оваа пригода, Меланија носеше кошула – фустан во потемна крем боја, додека за деталите како што се ременот, чевлите и торбата избра кафена боја. Широкиот појас ја нагласи нејзината тесна половина, додека чевлите на Кристијан Лобутин ја издолжија нејзината веќе витка фигура. Торбата што во оваа пригода ја носеше првата дама е познатата торба „Кели Хермес“, торба чија цена достигнува и до неколку илјади евра.

Фото: Профимедиа

Како ви се допаѓа стајлингот на првата дама ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот