ФОТО | Меланија, Бекам, Џегер…: Славните личности се збогуваат со кралицата Елизабета Втора

Меланија Трамп/Мик Џегер/Хелен Мирен/Елтон Џон/ Фото: Профимедиа/ EPA-EFE ETTORE/EPA-EFE CLEMENS BILAN FERRARI

Британската кралица Елизабета Втора почина вчера на 96-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал. Целиот свет ја оплакува нејзината смрт, знамињата ширум Велика Британија се спуштени на половина копје, постојано пристигнуваат реакции на оваа тажна вест, а меѓу многубројните луѓе кои не останаа имуни на смртта на кралицата, имаше и бројни личности од светски шоу бизнис.

Еден од нив секако е музичарот Елтон Џон, кој со децении бил близок пријател на кралското семејство. По веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, тој се огласи на Твитер.

„Како и остатокот од нацијата, длабоко ме растажи веста за смртта на Нејзиното Кралско Величество, кралицата Елизабета“, започна Елтон.


Како што напишал, таа беше „инспиративно суштество кое достоинствено ја водеше земјата низ некои од најубавите, но и најмрачните моменти“.

„Кралицата Елизабета играше важна улога во мојот живот од детството до денес и многу ќе ми недостига“, напиша, меѓу другото, музичарот.

Фронтменот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер исто така ѝ оддаде почит на британската кралица.

„Целиот мој живот Нејзиното Величесто кралицата Елизабета Втора секогаш беше тука. Се сеќавам дека како дете ги гледав најважните моменти од нејзината венчавка на телевизија. Ја паметам како прекрасна млада дама па до сакана баба на нацијата. Моите најдлабоки сочувстви до кралското семејство“, напиша тој на Твитер.


Од кралицата на својот Твитер се прости и поранешниот фронтмен на групата „Блек Сабат“ Ози Озборн.

„Тагувам со мојата земја поради смртта на нашата најголема кралица. Со тешко срце велам дека е поразително да се размислува за Англија без кралицата Елизабета Втора“, напиша тој.


Една од актерките што го толкуваше ликот на кралицата Елизабета на големото платно беше Хелен Мирен, која во 2006 година го доби Оскарот за најдобра актерка за улогата во биографскиот филм „Кралицата“.

Таа ја нарече кралицата Елизабета Втора олицетворение на благородништвото и призна дека е горда што е „Елизабетанка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helen Mirren (@helenmirren)

Фудбалерот Дејвид Бекам порача на својот Инстаграм дека навистина е тажен поради смртта на Нејзиното Величство Кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Доналд Трамп, 45-тиот претседател на САД и поранешната прва дама Меланија Трамп изразија сочувство за смртта на кралицата Елизабета.

„Меланија и јас секогаш ќе го цениме времето што го поминавме заедно со кралицата и никогаш нема да го заборавиме великодушното пријателство на Нејзиното Величество, големата мудрост и прекрасната смисла за хумор. Колку голема и убава дама беше – немаше никој како неа!“, порачал Трамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)


И пејачката Џенет Џексон беше меѓу бројните кои ѝ оддадоа почит на кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Janet Jackson (@janetjackson)

Почина кралицата Елизабета Втора

Папата, Путин и голем број државници изразија сочувство по смртта на британската кралица Елизабета Втора

Ред на наследување на британскиот престол по Кралот Чарлс

Принцот стана крал Чарлс III и наследи огромно богатство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот