Ред на наследување на британскиот престол по Кралот Чарлс

Кејт Мидлтон/Фото: Профимедиа

Откако Чарлс, Принцот од Велс, денеска стана крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, по смртта на долговечната кралица Елизабета Втора, се помести линијата на наследување на круната.

1. Принцот Вилијам, најстариот син на Чарлс и покојната принцеза Дијана. Оженет е со Кејт, војвотката од Кембриџ. Нивните три деца следуваат по редослед на наследување.

2. Принцот Џорџ од Кембриџ, роден во јули 2013 година.

3. Принцезата Шарлот од Кембриџ, родена мај 2015 година.

4. Принцот Луи од Кембриџ, роден во април 2018 година.

5. Принцот Хари, помладиот син на Чарлс и Дијана.

6. Арчи Маунтбатен-Виндзор, дете на Хари и Меган, војвотката од Сасекс, е роден во мај 2019 година.

7. Лилибет Маунтбатен-Виндзор, родена јуни 2021 година.

8. Принцот Ендру, вториот по старост син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

9. Принцезата Беатрис, најстарата ќерка на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.

10. Сиена Елизабет, ќерка на Беатрис и Едоардо Мапели Моци, родена септември 2021 година.

11. Принцезата Јуџини, помладата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон.

12. Аугуст Бруксбанк, син на Јуџини и Џејмс Бруксбанк, роден во февруари 2021 година.

13. Принцот Едвард, најмладото дете на кралицата и Филип.

14. Џејмс, виконт Северн, помладото дете на Едвард и неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс.

15. Лејди Луиз Маунтбатен-Виндзор, ќерка на Едвард и Софи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот