Мекларен ја стави под хипотека својата колекција на болиди, меѓу ние се и болидите на Сена
Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот која пак го одложи стартот на сезоната во Формула 1 го натера Мекларен да ја стави под хипотека управната зграда и спектакуларната колекција на болиди за да добие кредит од 275 милиони фунти.
Залогот за кредиток кој му е неопходен на Мекларен за да функционира и во овие тешки времиња и кој изнесува 275 милиони фунти ќе бидат две управни згради во кои се сместени управата на компанијата, но и колекцијата на болидите.
Препорачано
Ова е втор тим од Ф1 кој се одлучува на ваков потег, претходно Вилијамс како залог за заемот кој го зеде од иранско–канадскиот бизнисмен Мајкл Латифи, приложи колекција од 100 болиди како и својата фабрика.
Според Скај њуз оваа стратегија на Мекларен е предложена од советниците на ЏП Морган банката откако британскиот тим аплицираше за позајмица од 150 мииони фунти од Министерството за бизнис, енергија и индустриска стратегија на Велика Британија.
Во богатата колекција на болиди во музејот на Мекларен, најценети се тие кои ги возеше легендарниот Аиртон Сена и со кои стигна до трите шампионски титули.

Скај њуз смета дека колекцијата на болиди на Мекларен вреди речиси 250 милиони фунти, додека управните згради кои исто така ќе бидат заложени се вредни околу 200 милиони фунти.


