Мекларен го тужи шампионот во Индикар и бара отштета од 23 милиони долари

EPA-EFE/SHAWN THEW

Алекс Палу требаше да му се придружи на Мекларен од идната година, но, се пишмани, по што тимот реши да го тужи и да бара голема отштета

Тимот на Мекларен го тужи шампион во Индикар, Алекс Палу и бара отштета од преку 23 милиони долари, откако шпанскиот возач се откажа од договорот со гигантот.

Палу ја освои титулата во американската тркачка серија Индикар оваа сезона со 78 поени предност, што е негова втора титула во три сезони, но летово му рече на Мекларен дека нема да им се придружи – што предизвика правна битка.

Гигантот во Формула 1 Мекларен има свој тим Ероу Мекларен и во Индикар серијата и очекуваше Палу според договорот да му се придружи во 2024 година.

Палу возеше за Чип Ганаси рејсинг-тимот во Индикар, а веќе беше во една правна битка за да го напушти тој тим една година порано и да се придружи на Ероу Мекларен. Тој е тест возач за Мекларен во Формула 1 сезонава.

Парите што ги бара Мекларен, наводно, се поврзани со спонзорствата што тие очекуваа да ги донесе Шпанецот поврзани со неговиот ангажман во тимот, како и со трошоците поврзани со неговото напредување за место во Ф1 и аванс на неговата плата во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот