Мекиќ: Доколку ја повториме играта во одбрана, ќе биде подобро против Швајцарија

За Мекиќ е голема чест што ќе се игра против светскиот шампион Шпанија/Фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ беше еден од најдобрите на првите два натпревари од претквалификациите во Скопје.

Особено значаен беше неговиот придонес на дуелот со Словачка кога во последната четвртина постигна осум поени во низа или вкупно 10 во онаа серија од 20:0.

– Во првиот натпревар (против Швајцарија) влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи доколку денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе нè однесе во следната фаза.

Во вториот меч влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот – посакува нашиот крилен играч Мекиќ.

Денеска од 19.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, нè чека вториот дуел против селекцијата на Швацарија кој ќе го одлучи и првиот „патник“ во квалификциите за Светскиот Куп 2023.

– Првиот дуел со Швајцарија го одбележа нашата неефикасна игра иако во одбраната бевме одлични. Доколку ја повториме играта во одбрана и вечерва, мислам дека ќе биде многу подобро.

Македонската репрезентација во моментов ја краси тимската игра и секогаш се трудиме секој да го направи своето, како во одбраната, така и во нападот – вели Мекиќ пред „реваншот“ со Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот