Меган Маркл направи необичен избор за божиќниот подарок на ќерка си
Меган Маркл и принцот Хари уживаат во божиќните празници, а посебна радост овој период им носи и на нивните деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет.
Препорачано
Војвотката од Сасекс неодамна откри и еден необичен божиќен подарок што го избрала за својата ќерка, четиригодишната Лилибет. Меган вели дека нејзината ќерка, како и многу девојчиња на таа возраст, обожава да се преправа дека е возрасна дама.
Во божиќниот специјал на Netflix, With Love, Meghan: Holiday Celebration, Меган подготви персонализирани божиќни „крекери“ за секој член од семејството. Лилибет доби ролер со масло од лаванда – ароматерапевтски производ што се нанесува на кожата и служи за смирување на умот и телото, најчесто на зглобовите, слепоочниците, вратот или стапалата.
Во специјалот, Меган сподели и празнични совети, а заедно со Вил Гуидара во својата работилница изработуваше божиќни „крекери“ – традиционален британски празничен реквизит направен од картонска цевка обвиткана со украсна хартија, која „пука“ кога ќе се повлече од двете страни.
Во ваквите крекери обично има слатки, пораки или хартиена круна за „победникот“. Меган направи по еден за секој член од семејството: принцот Хари доби љубовно писмо и чоколадо, додека шестгодишниот Арчи доби симпатичен подарок инспириран од хамбургери и неговата омилена црвена боја.
Специјалот вклучуваше и сцени од готвење гумбо со готвачот Том Коликио, креативно дружење со тенисерката Наоми Осака, како и бранч со пријателките Кели Меки Зајфен и Линдзи Рот. Принцот Хари се појавува на крајот со нежен бакнеж, додека зема празнични слатки.
– И двајцата ја сакаме празничната сезона, бидејќи тоа е време за поврзување со најблиските, традиции и создавање нови спомени – изјави Меган.
Специјалот се совпадна и со лансирањето на нејзината лајфстајл колекција As Ever, која вклучува вина, свеќи, џемови и мед, а дел од производите се појавуваат и во емисијата.
Инаку, Лилибет и Арчи неодамна, заедно со родителите, волонтираа во организацијата Our Big Kitchen Los Angeles, каде што пакуваа оброци за лица на кои им е потребна помош.


