Меган и Хари се пофалија со новата работа: „Сакаме да работиме нешто што има смисла“

Фото: Инстаграм

Британскиот принц Хари и неговата американска сопруга Меган Маркл потпишаа повеќегодишен договор со „Netflix“ за производство на разни програми, објави денес компанијата.

Парот кој со синот се пресели во Калифорнија откако се откажаа од кралските должности во Велика Британија ќе работи на документарци, документарни серии, играни филмови и програма за деца.

„Нашиот фокус ќе биде на создавање на содржина која информира, но и дава надеж“, соопшти парот.

„Како нови родители важно ни е и создавањето на инспиративни семејни програми“, додадоа тие.

Војводата и војвотката од Сасекс во август се преселија во Калифорнија од Канада откако во јануари објавија дека имаат намера да ги напуштат кралските должности и со сопствена работа да си ја обезбедат финансиската независност.

Маркл и Хари изјави дека во Калифорнија сакаат да работат нешто што има смисла и што е важно и дека имаат намера да ја развиваат непрофитната организација „Archewell“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот