Меган и Хари ја ангажираа помошничката од семејството Бекам: Која е жената на која познатите и веруваат (ФОТО)
Меган Маркл и принцот Хари ја ангажираа Ребека Мостов (70) да им помогне во водењето на домаќинството во Лос Анџелес, а оваа жена е добро позната во кругот на познатите.
Мајката на две деца претходно работела кај Викторија и Дејвид Бекам.
– Ребека е исклучително дискретна, внимателна и професионална и веќе со децении работи кај многу познати лица, пишува „The Sun“.
На листата со нејзините работодавци покрај брачниот пар Бекам бил и пејачот Сил. А на листата стојат и имињата на многу познати милионери и милијардери.
Меган и Хари кои откако го напуштија кралското семејство живеат во Лос Анџелес, а Ребека ја најмија благодарение на сјајните препораки. Ребека Мостов е значително засилување во тимот на војвотката и војводатa од Сасекс.
Меган е пресреќна поради враќањето во родниот град каде живеат нејзините пријатели. Додека пак Хари таму нема пријатели и мора да се потпре на пријателите на својата сопруга. Меган и Хари луксузната вила ја купија за 14,5 милиони фунти.
Комшиите изјавија дека по доаѓањето на познатите соседи се нарушил мирот во тој кварт, бидејќи сега очите на светската јавност се вперени токму во овој славен пар. Пред неколку дена тие во својот дом го прославија првиот роденден на синот Арчи.