16.8 C
Скопје

Меган и Хари ги очекуваат лоши вести: Принцот Чарлс подготвува драстичен потег поврзан со кралската каса

Како што се шпекулира низ британските медиуми, на Меган Маркл и принцот Хари не им претстои сјаен период, доколку навистина се случи тоа што се шпекулира.

Кралскиот биограф Анџела Левин сподели со јавноста дека принцот Чарлс планира драстично да ги намали трошоците со цел да заштеди пари во корист на монархијата, а тоа значи дека Меган и Хари повеќе нема да добиваат приходи од таа каса.

Таа откри дека одлуката на Чарлс ќе има големо влијание на животот на Хари и Меган, кои живеат во Калифорнија, бидејќи за понатамошните приходи ќе мораат да се погрижат сами. Се претпоставува дека во секој момент е можно принцовите Чарлс и Вилијам да ги утврдат сите детали кога станува збор за иднината на монархијата, која одлучи да штеди по смртта на принцот Филип.

Се шпекулира дека меѓу работни членови на семејството би можеле да спаѓаат само Чарлс и Камила, Вилијам и Кејт Мидлтон со децата, а дека сите останати можат да останат без таа титула, односно титулата која носи месечни средства за овие носители.

Биографката тврди дека Чарлс веќе некое време сака да ги намали трошоците на монархијата, но и дека останатите членови на семејството мора да ги оправдаат парите кои ги добиваат.

„Се повеќе мислам дека тоа ќе го вклучува и тоталното отфрлање на Хари и Меган. Тој проширен дел на членови од кралското семејство кои добиваат финансии кралицата го одржуваше во живот од сентиментални причини и тоа поради своите години не сака да го менува, што е разбирливо. Тој е подготвен за промени и мислам дека ќе го стори тоа дефинитивно“, изјави биографката Левин.

Поврзани вести

Дали по стапките на Џенифер Лопез и Џоли се врати во прегратките на старата љубов? Анџелина и Џони Ли Милер се старо – новиот холивудски пар

Слободен печат

Воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од мРНА вакцините почесто од очекуваното

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 14 јуни: Имате повеќе идеи отколку време, треба подобро да се организирате

Слободен Печат

Виц на денот: Рефреш

Слободен печат

На денешен ден – 14 јуни

Слободен Печат

Марина Туцаковиќ за болеста и што најмногу ја боли: Порано ми се јавуваа, сега…

Слободен печат

Остави Коментар