МБА: Не е евидентиранo системскo намалување на банкноти од 100 денари во банкарскиот систем
Македонската банкарска асоцијација информира дека, врз основа на податоците од банките членки, не е евидентиранo системскo намалување на банкноти од 100 денари во банкарскиот систем.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Снабдувањето со готовина се одвива непречено и согласно вообичаените текови на готовинскиот промет – велат од МБИ.
„Слободен печат“ пишуваше дека иако Народната банка уверува дека во оптек има доволно банкноти од 100 денари, реалноста на терен е сосема поинаква. Граѓаните веќе со недели се жалат дека тешко доаѓаат до „стотки“, а потврда за тоа стигнува и од банките и од менувачниците, од каде што велат дека недостигот сериозно се чувствува.
И покрај ваквата состојба на терен, од Народната банка тврдат дека нема причина за загриженост и дека не станува збор за недостиг на банкноти од 100 денари.
– Како што и претходно информиравме, според податоците на Народната банка во оптек циркулираат 20 милиони банкноти со апоенска вредност од 100 денари, количина која е сосема доволна за непречено одвивање на готовинските текови. Следствено, не станува збор за недостиг на банкноти од овој апоен – велат од НБРМ.
Во меѓувреме, Народната банка потврдува дека е во тек набавка на нови банкноти од 100 денари. Според институцијата, се реализира договор за јавна набавка на 20 милиони нови банкноти.
– Заради навремено надополнување на залихите на банкноти со апоенска вредност од 100 денари, во тек е реализација на склучен договор за јавна набавка на количина од 20 милиони парчиња што ќе обезбеди непречено задоволување на потребите од овој апоен за период од околу три до четири години – велат од НБРМ.
Снемува „стотки“ во банките и во менувачниците, НБРМ тврди дека недостиг нема


