Фото: МИА

Маж во Италија глумел слепило и зел милион евра од државата

Седумдесетгодишен маж од Виченца, кој повеќе од половина век добивал инвалидска пензија под лажен изговор за слепило, сега се соочува со обвиненија за измама вредна еден милион евра.

Според италијанските медиуми, измамата трае од 1972 година, а државата со години ја исплаќа „инвалидската“ пензија, според ТВ Раи.

Сепак, измамата неодамна беше откриена благодарение на упорноста на финансиската полиција. Тој бил под надзор два месеци и снимен како активно работи во својата градина, користејќи опасни градинарски алатки без ничија помош. Не само тоа, туку бил снимен и како пазарува самостојно, внимателно избирајќи овошје и зеленчук во супермаркет.

По детална истрага, финансиската полиција веднаш ги извести надлежните органи да ја суспендираат исплатата на инвалидскata пензиja и сите други социјални бенефиции на осомничениот. Регионалното обвинителство на Венето поднесе обвинение, во кое го товари за измама и потенцијална затворска казна од неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот