Фото: Malin Wunderlich/dpa

Маж изгазил гулаб до смрт – му се заканува затвор

Маж мора да оди на суд за кршење на Законот за заштита на животните откако изгазил гулаб до смрт во Кулмбах, во германската сојузна држава Баварија. Полицијата ја презела истрагата по инцидентот, пишува ДПА.

Секој што ќе убие ‘рбетник без оправдана причина или ќе му предизвика болка или страдање му се заканува затвор до три години или парична казна, според германскиот Закон за заштита на животните, пишува ДПА.

Средовечен маж јадел во киоск во петокот, кога еден помфрит му паднал на подот.

Кога гулабот почнал да го јаде парчето компир, човекот прво стапнал на опашката на птицата. Потоа го изгазил гулабот до смрт.

Минувачите го задржале осомничениот додека не пристигнала полицијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот