Матеус ги предупредува „азурите“: Не ги отпишувајте Македонците, тие ја победија и Германија

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Легендата на германскиот и светскиот фудбал, Лотар Матеус, ја „испрати“ Македонија на Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Според Матеус, токму групата Ц од баражот каде се Македонија и Италија е најнеизвесната во трката за мундијалската виза.

Причината за тоа е што освен Македонија и Италија, втората полуфинална двојка ја сочинуваат Португалија и Турција, а само победникот ќе игра на Светското првенство во Катар. Иако Македонија беше најслаборангирана од 12. репрезентации кои се најдоа во баражот, Матеус смета дека никако не смеат да се отпишат „рисовите“ кои во квалификациите и го нанесоа единствениот пораз на неговата Германија.

– Оооо, каква Група Ц. Секако тоа е најтешката група. Една од Италија и Португалија нема ги гледаме во Катар. Ќе биде навистина интересно на овие два натпревари. Не отпишувајте ја предвреме дури и Македонија, која мислам дека ќе игра добар фудбал со Италија. Па видовме сите дека во квалификациите Македонија ја победи Германија – рече Матеус ждрепката која се одржа во Цирих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот