Фото: Карате Федерација на Македонија

Матеј Белистојаноски ќе се бори за златото на Европското првенство во карате

Уште еден медал е обезбеден за македонското карате на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) во карате што се одржува во Лимасол, Кипар, од 6 до 8 февруари 2026 година.

Во категоријата -67 кг. во У21 конкуренцијата Матеј Белистојаноски успеа да обезбеди финале.

На ова натпреварување со Матеј Белистојаноски е и селекторот Петар Белистојаноски.

Нашиот натпреварувач најпрвин со 9:1 го совлада Микита Бахамолетс (ВКФ-2), потоа Ригерс Рами од Албанија со 5:1, следуваше победа над Шкотланѓанецот Џо Галагер (4:1) и Амине Еја од Белгија со 5:4.

На претпоследната пречка триумфираше над Назарии Праничук од Украина со 5:4. Во финалето противник ќе му биде Георгиос Балиотис од Грција кој со 5:2 беше подобар од Фабрицио Џордано од Италија.

Претходно најмалку сребрен на ЕП обезбеди и Немања Младеновиќ кај кадетите во категоријата +70 кг.

Македонскиот каратист Немања Младеновиќ во финалето на Европското првенство во Лимасол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот