Фото: Карате Федерација на Македонија

Македонскиот каратист Немања Младеновиќ во финалето на Европското првенство во Лимасол

Во тек е Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) во карате што се одржува во Лимасол, Кипар, од 6 до 8 февруари 2026 година.

Македонскиот каратист Немања Младеновиќ успеа да обезбеди финале во категоријата +70 кг во кадетска конкуренција.

Така, нашиот натпреварувач обезбеди најмалку сребро на ова натпреварување, но има можност да донесе злато за нашата земја доколку во финалната борба го совлада Омар Гогричиани од Грузија.

Претходно на патот до финалето Младеновиќ запиша вкупно четири победи.

Најпрвин триумфираше против Марсел Гора од Ирска со 4:0, потоа со истиот резултат беше подобар и од Лукас Витасек од Чешка.

Следуваше победа од 2:1 против Панајотис Лазаридис од Грција, а со 3:1 славеше против Рихард Митрик од Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот