Масовна тепачка во Гостивар, се користело и огнено оружје, уапсени 10 лица

СВР тетово/ фото: МИА

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 4 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: С.А.(36) од гостиварско Дебреше, С.Т.(23) и Ф.Т(54) од гостиварско Неготино, С.Т.(40) од гостиварски Равен, С.Р.(40) и Н.Р.(41) од гостиварско Врапчиште, А.П.(34) од Скопје и гостиварците Д.О.(35), П.М.(36) и Б.Г.(40).

„Тие се сомничат за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која непосредно пред тоа се случила во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар.Според пријавеното, во пресметката биле користени стаклени и дрвени предмети, а еден од учесниците пукал и од огнено оружје. Сите се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот