Брегот на Слонова Коска/EPA/SHAWN THEW

ВИДЕО | Брегот на Слонова Коска до минимален триумф, Шведска го прегази Тунис

Шведска со убедлива победа го отвори настапот на Светското првенство, совладувајќи го Тунис со високи 5-1 во еден од најефикасните натпревари досега на турнирот. Скандинавците приредија мало изненадување со оглед на тоа што Тунис важи за незгоден и дисциплиниран противник на големите натпреварувања.

Патот кон триумфот го отвори Ајари уште во седмата минута, а Исак во 30. минута ја зголеми предноста на Шведска. Тунижаните успеаја да се вратат во игра преку Рекик, кој пред паузата намали на 2-1 и внесе неизвесност во продолжението.

Сепак, во второто полувреме Шведска целосно ја презеде контролата. Ѓокереш во 60. минута повторно донесе два гола предност, а во завршницата Сванберг погоди за 4-1. Конечниот резултат го постави Ајари со својот втор гол на натпреварот во судиското продолжение за убедливи 5-1.

За разлика од голеадата на овој натпревар, дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Еквадор кој се играше претходно понуди многу помалку возбудувања. Победникот беше решен дури во самиот финиш, кога Дијало во 90. минута ја затресе мрежата и им донесе минимален, но вреден триумф од 1-0 на Африканците.

ВИДЕО | Најмалата нација во светот го даде својот прв гол на Мундијалите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот