фото: EPA-EFE/RAYNER PENA R.

Маскерано лут после скандалот на ОИ: Ова е најголемиот циркус што сум го видел во животот

Фудбалерите на Мароко во Сент Етјен ја победија Аргентина со 2:1, во натпреварот од првото коло од групата Б на Олимписките игри во Париз.

Во самиот финиш на натпреварот Аргентина постигна израмнувачки гол, по што мароканските навивачи предизвикаа нереди и натпреварот беше прекинат.

Еден час по инцидентот, натпреварот продолжи, а по консултација со ВАР, судијата посочи дека вториот гол на Аргентина е поништен поради офсајд, а Мароко на крајот забележа победа.

Селекторот на Аргентина, Хавиер Маскерано збесна поради целиот исход, а после се откри и непријатности во организацијата на самиот турнир.

– Некој ни упадна во просториите, украдени се работи на Алмада! Бараат да се акредитираме за сè, а потоа се случуваат такви работи. Седум пати упаднаа на теренот, ни фрлаа петарди. Ни кажаа дека е готово, 2:2. Ниту Мароко не сакаше да игра. Ова е најголемиот циркус што сум го видел во животот – откри Маскерано, кој потоа ја опиша целата ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот