фото: принтскрин/x.com/The_Forty_Four

ВИДЕО: Неверојатно, ВАР после два часа им го поништи голот на аргентинските фудбалери

Неверојатни сцени на првиот ден на Олимпијадата во Париз, фудбалските репрезентации на Аргентина и Мароко се сретнаа во првото коло и дури по четири часа и 12 минути беше решен победникот. Во овој дуел победник беше Мароко кој славеше со 2:1.

Овој, многу возбудлив натпревар, падна во сенка на хаос по неочекуваниот гол на Аргентинците во 16. минута од судиското надополнување. Судиите на ВАР го поништија аргентинскиот гол кој го постигна Кристијан Медина во 90+16 за 2:2, откако мечот беше речиси два часа прекинат.

Непосредно пред тоа, судијата ги врати играчите на теренот од соблекувалните каде што ги испрати бидејќи не беа создадени услови да заврши – мароканските навивачи фрлаа сè што имаа од трибините и безбедноста беше доведена во прашање.

Резултатот 2:2 потоа остана на сила, бидејќи и судиите за ВАР беа на пауза, а трибините беа празни. Дури кога ситуацијата се смири, односно два часа по голот на Аргентина, ситуацијата при постигнувањето на аргентинскиот гол беше прегледана во ВАР-собата и „замрзнатото“ видео беше објавено на екранот на стадионот за сите да го видат.

Утврдено е дека Медина, стрелецот на голот, беше во офсајд (минимум, одлучено по сантиметри) во моментот кога бил активиран по ударот во пречката на неговиот соиграч. Натпреварот потоа продолжи, играчите излегоа да ги одиграат последните три минути од натпреварот при резултат 2:1 за Мароканците кои успеаја да ја зачуваат мрежата во преостанатото време и да победат.

Аргентина е инаку бранителот на олимписко златен медал. Во другите натпревари Шпанија го победи Узбекистан со 2:1, Египет и Доминиканската Република ремизираа 0:0, а Нов Зеланд ја победи Гвинеја со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот