Маса поднесе тужба против Формула 1 и Еклестон за титулата во 2008 година, бара и огромна оштета

Фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

Поранешниот возач во Формула 1, Бразилецот Фелипе Маса соопшти дека поднел тужба во Лондон против Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), поранешниот сопственик на серијата Формула 1 и поранешниот прв човек на натпреварување Берни Еклестон. Маса бара да му се додели титулата од 2008 година.

Исто така тој бара и оштета, износот не го наведе, меѓутоа медиумите шпекулираат дека се работи за сума помѓу 60 и 150 милиони долари.

„Секогаш велев дека ќе се борам до крајот. Бидејќи ФИА одлучи да не направи ништо ќе бараме исправување на оваа историска неправда пред судовите“, изјави Маса за бразилскиот „Глобо“.

Во сезоната 2008 година, Маса беше вицешампион зад Луис Хамилтон кој тогаш возеше за Мекларен. Британецот ја освои титулата со 98 бода, Маса остана второпласиран со бод помалку.

Во инцидентот познат како „Крешгејт“ тогашниот возач на Рено, Нелсон Пике намерно предизвика судир на патеката во 14. круг на Големата награда на Сингапур за на патеката да излезе безбедносно возило, тоа му овозможи на неговиот тимски колега, Фернандо Алонсо да победи.

Хамилтон таа трка ја заврши како трет, а Маса како 13-ти и не успеа да освои ниту еден бод поради грешката не механичарите во боксот бидејќи тргна со прицврстено црево за гориво. Рено ја призна наредбата во 2009 година, но Формула 1 не ги поништи резултатите од таа трка.

Маса смета дека тој ќе ја освоел титулата таа година доколку Формула 1 и ФИА детално го истражеле случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот