Мартовската плата пораснала за 7,4 проценти во споредба со лани

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли и преработувачка индустрија.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто. Бруто платата, пак, била 39.437 денари што е раст од 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,2 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,2) и Преработувачка индустрија (9,8 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,6 отсто), Уметност, забава и рекреација (15,4) и Стручни, научни и технички дејности (9,9).

Зголемувањето на бруто платата, според статистика, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13,3 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,5) и Преработувачка индустрија (10,6).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,9 отсто), Уметност, забава и рекреација (15,5) и Стручни, научни и технички дејности (8,7).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот