Манекенката немала труднички стомак, ја носела истата облека, а поради болка отишла во тоалет па се породила (ФОТО)

Австралиската манекенка Ерин Лангмејд (23) тврди дека немала поим дека е бремена затоа што користела контрацепција, немала ниту стомак, утрински мачнини и други симптоми кои се поврзани со бременост.

Како што вели Ерин, за време на бременоста за која не знаела, цело време работела и земала контрацепциски инјекции.

Немала никакви симптоми, а единствено само на денот кога се породила се чувствувала лошо. Не забележувала ниту дека облеката која ја носи ѝ е тесна.

„Ништо не укажуваше на тоа дека нашата ќерка е тука. Беше тоа најголемиот шок во нашите животи“ – изјавиле Ерин и нејзиниот партнер Ден Карти за весниците.

Ерин отишла во тоалет, а десет минути подоцна ја држела својата ќерка во рацете која се родила здрава и била тешка 3.6 килограми. Ден слушнал дека нешто се случува во тоалетот, влегол и се запрепастил.

„Слушнав само врескање, појдов со трчање таму, ја отворив вратата затоа што бев загрижен за Ерин, а потоа го видов бебето и си помислив: “чекај малку, две се?“, бев преплашен“ – изјавил Ден.

View this post on Instagram

Hunni <3

A post shared by Erin Langmaid (@erinlangmaid) on

Откако се родила, Исла престанала да дише и помодрела па Ден во паника повикал брза помош за на бебето да му го спаси животот. Девојчето се родило во 37-та недела од бременоста, но ни тој ни Ерин не знаеле за бременоста.

Според статистиката, една од 500 жени не знае дека е бремена до 20-та недела, а една од 2.500 жени ја открива бременста во моментот кога треба да се породи.

View this post on Instagram

Collector of pegs #mikshens

A post shared by Erin Langmaid (@erinlangmaid) on

„Тоа е нашиот живот и не би го менувале“ – вели младата мајка. Родителите и роднините им помогнале многу, а сега тие се соочени со новиот предизвик – родителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот