Манчевски со ново признание: Награда за „Врба“ во Њујорк

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата од жирито за најдобар филм на фестивалот „Стони Брук“ во Њујорк.

Фестивалот напиша: „Жирито беше трогнато од артистичката длабочина на филмот, кој предизвика бурни емоции кај публиката“.

Стони Брук фестивалот за независни филмови годинава се одржа по 26 пат. Прикажани се 35 американски и странски филмови на независни режисери.

„Врба“ на Манчевски ја имаше светската премиера на Римскиот фестивал 2019 година, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди (Најдобра режија на Рејнденс во Лондон, Најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија, итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, и од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде наскоро ќе има и ДВД издание. Тој се прикажува и на Синемакс и на Ејч-Би-О.

Деновиве, Манчевски привршува со снимањето на неговиот најнов филм „Кајмак“ на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Водно и Лисиче.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот