Малолетник со нож ограбил аптека во Скопје

Фото: илустрација / архива

На 23 мај, дете на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“. Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож.

Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ја повредил. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело разбојништво. Обвинителот му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат​“ велат од ОЈО.

Малолетник доби притвор по разбојништво во аптека на во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот