Малку поинаков рецепт за омиленото летно јадење – ѓувеч

Фото: Профимедиа

Ѓувечот е традиционално македонско јадење со богати бои, вкусови и ароми. Неизбежното летно јадење подеднакво го сакаат и љубителите на месо, но и оние што преферираат зеленчук, па затоа е одличен избор за сите вкусови.

Ѓувечот може да се направи на повеќе начини – може да се комбинираат различни состојки, по желба може да се направи без месо само во варијанта од зеленчук.

Состојки:

– 1 филџан конзервиран грашок
– 100-150 г ориз
– 3 домати
– 3 пиперки
– 2 моркови
– 1 кромид
– 1 модар патлиџан
– 2 чешниња лук
– 1 коцка за супа од зеленчук

Подготовка:

Во шерпата сипете ја водата (700 мл) и додајте една коцка супа. Кога ќе се растопи, тргнете го тенџерето од шпоретот.

Во садот што сте го подмачкале со масло, ставете ги доматите, грашокот, морковите, модриот патлиџан, пиперките и исечканиот кромид. Претходно измијте го зеленчукот. Додајте го измиениот ориз како и зачините, па добро измешајте. Прелијте со две третини од бујонот со зеленчук.

Покријте и печете на 220 степени околу 35 минути. Потоа отстранете го капакот, по потреба додајте уште малку вода или супа, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 10 минути. По желба посипете со сечкан магдонос.

Ако сакате да направите ѓувеч со месо, прво малку подинстајте го или пропржете го, па додајте го зеленчукот и печете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот