Малите ајкули на „Бета шаркс“ со нови победи во Крушевац

Младите пливачи на скопскиот пливачки клуб „Бета шаркс“ вчера се вратија со 20 медали и големи успеси од Меѓународниот пливачки натпревар „Шаренградски куп“ во Крушевац, Р. Србија.

„Уште еден супер натпревар за нашите ајкули Уште еден доказ дека талентот овозможува освојување на медали, но тимската работа создава шампиони! Освоивме нови 20 медали на силниот Шаренградски Куп во Крушевац, Србија. Нашата Катја Танаскоска беше прогласена за најдобра пливачка со освоени две први места и 694 бодови!

Теодор Тримчевски освои две први места!

Ања Каралиева освои едно прво и едно второ место!

Ведран Андреев освои едно прво место!

Сара Анастасовска освои две втори и едно трето место!

Виктор Буклески освои едно второ и едно трето место!

Калина Кузмановска освои едно второ место!

Даријан Андреев освои две трети места!

Јована Марковиќ освои две трети места!

Емил Суботиќ освои едно трето место!

Дамјан Тодоровски освои едно трето место!

Освоивме прво место во тимската штафетна трка со тимот на ајкулите во состав: Танаскоска, Тримчевски, Андреев и Марковиќ!  Одлично пливаше нашата втора штафета во состав: Анастасовска, Буклески, Андреев и Каралиева и сите останати наши пливачи!

Гордо и сигурно чекориме кон нови победи и сигурна иднина!“, напишаа на Фејсбук од клубот „Бета шаркс“.

БОНУС ВИДЕО:

Анастасовска и Буклески со одличен настап во Крагуевац (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот