Маленко одговара на обвинувањата на Филипчев и НПФ: ПФМ е единствена надлежна и меѓународно призната пливачка федерација

фото: ПФМ

Претседателот на Националната пливачка федерација на Македонија, Александар Филипчев денеска побара од надлежните државни институции, да преземат дејствија кон Македонскиот олимписки комитет и Пливачката федерација на Македонија на чие чело е Александар Маленко, и да утврдат на кој начин и по која основа се користат финансиските средства кои доаѓаат од меѓународните спортски организации како Светската пливачка федерација (ФИНА) и Меѓунардиониот олимписки комитет (ИОК) преку неговиот фонд за солидарност.
Адутот на Филипчев е дека НПФ е единствена призната пливачка федерација во Македонија и е заведена во Централниот регистар, додека Федерацијата на чие чело е Маленко.
Сега пристигна одговор од Маленко и ПФМ дека тие се признати во ФИНА и во ИОК.


„Пливачката федерација на Македонија (ПФСМ) како единствена надлежна и официјално призната олимписка федерација за водени спортови во Македонија е едиснтвена легална и призната од страна на ФИНА и ИОК ве информира дека ФИНА по трет пат официјално потврди дека Единствена надлежна призната олимписка спортска федерација за водени спортови во Македонија и официјален репрезентант во меѓународните спортски институции и официјални меѓународни натпревари е Пливачката федерација на Македонија (ПФСМ) и претседател Александар Маленко“, стои во соопштението на ПФСМ.

Филипчев и НПФ бараат да се истражат „игрите“ на Маленко и на МОК

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот