Филипчев и НПФ бараат да се истражат „игрите“ на Маленко и на МОК

фото: Слободен печат/Фидан Коминовски

Александар Филипчев кој на 29. април повторно беше заведен како претседател на Националната пливачка федерација на Македонија во Централниот регистар, побара од државните институции да реагираат и да истражат како Александар Маленко чија Пливачка федерација на Македонија не е признаена, односно не постои во Централниот регистар, ја претставува  нашата држава во ФИНА и ЛЕН.

Покрај Маленко, Филипчев и НПФ бараат да се преземат дејствија и против Македонскиот олимписки комитет (МОК).


– Го повикуваме Oсновното јавното обвинителство, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција односно Јавниот обвинител г-ѓа Вилма Русковска, Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за млади и спорт, Антикорупциската комисија и други надлежни државни органи од нашата земја врз основа на допрен глас, да преземат дејствија спрема Олимискиот Комитет на Северна Македонија и таканаречената Пливачка федерација на Северна Македонија(со таканаречен претседател Александар Маленко) и да утврдат на кој начин, по која основа, за која цел и колку финансиски средства од Интернационалниот олимписки комитет, Фондот за Олимписка Солидарност на Интернационалниот Олимписки Комитет и ФИНА (Светска Пливачка Федерација), од страна на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија се доделени и потрошени на име на активности на таканаречената Пливачка федерација на Северна Македонија со таканаречен претседател Александар Маленко кој е нерегистриран правен субјект и на кој начин оваа нерегистрирана спортска федерација во Централниот регистар на Северна Македонија е член на Олимпскиот Комитет на Северна Македонија – вели претседателот на НПФ, Александар Филипчев.

Во битката за признавање во светската и европската пливачка федерација, НПФ бара помош од Агенцијата за млади и спорт која треба да помогне во комуникацијата со ФИНА која го признава Александар Маленко за претседател на Пливачката федерација на Македонија.

Видео на денот