Малчанскиот бербер ја ишишал и ја тепал Моника, девојчето има модрици по целото тело

Фото: ТВ Пинк/Принтскрин

Според овие информации, откако полицијата ја пронашла, таа не прекинала со плачење, а моментално е згрижена од страна на персоналот во Детската хирургија во Клиничкиот центар во Ниш.

Моника Каримовиќ (12) е во стабилна состојба, комуницира со докторите и полицијата, но преживува тежок шок, а има и видливи повреди по целото тело, пренесува Курир.рс.

Според овие информации, откако полицијата ја пронашла, таа не прекинала со плачење, а моментално е згрижена од страна на персоналот во Детската хирургија во Клиничкиот центар во Ниш.

По пронаоѓањето на Моника, српските медими објавија и први фотогтрафии, на кои може да се види дека девојчето е ишишано и видно исцрпено.

– Таа е психички стабилна, но воочено е дека има бројни модринки по телото. Кога дојде беше многу вознемирена, но нејзината баба и родителите сега се со неа. Може да се види дека злосторникот и ја ишишал целата коса – рекол извор близок до семејството за Курир.

За потсетување, Моника исчезна на 20 декември на пат од училиште до дома. Полицијата и војската со денови ги бараа киднаперот и девојчето, а вечерва истрага конечно вроди со плод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот