Пронајдена Моника Каримановиќ, девојчето кое беше киднапирано пред 10 дена

Според информации на РТС, девојчето било комуникативно и свесно, односно се наоѓала во добра здравствена состојба.

Моника Каримановиќ од Сув Дол, во близина на Ниш, Србија, била најдена по десет дена од нејзиното исчезнување, пренесува РТС.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјавил дека по киднаперот Нинослав Јовановиќ потрагата и натаму е во тек.

Според информации на РТС, девојчето било комуникативно и свесно, односно се наоѓала во добра здравствена состојба.

Министерот Стефановиќ за Танјуг рекол дека девојчето било најдено во атар во селото Сврљишки Миљковац, како и дека веднаш ќе биде пренесена во итната помош.

– Се претпоставува дека Јовановиќ се наоѓа во близина на Ниш и интензивно се трага по него, очекувам членовите полицијата наскоро да го фатат – изјавил Стефановиќ, јавуваат српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот