Фото: Screenshot/instagram.com/urkourko

Максим Митровски со злато и пехар на Балкан Бест Фајтерс

На 10. меѓународен кикбокс куп „Балкан Бест Фајтерс“ во Ниш, Србија, македонскиот натпреварувач Максим Митровски се закити со златен медал.

Митровски освои прво место и пехар за најдобар борец во ринг во лоу кик во сениорска конкуренција.

Тој беше најдобар во категоријата -75 кг., во финалето триумфираше против Павле Стојшин од Србија.

Митровски на патот до финалната борба славеше против уште еден српски борец, Матија Антовиќ (3:0).

На ова натпреварување учествуваа 66 клуба и 287 натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот