Францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

Макрон е на мака, Французите никогаш не го сакале помалку

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон, според анкета на весникот „Фигаро” падна на историски најниско ниво – само 11 отсто граѓаните го поддржуваат, пренесува „Политико“.

Тамошни аналитичари очекуваат дека до крајот на годината рејтингот на Макрон ќе биде едноцифрен. Овој пад доаѓа во време на продлабочување на политичката криза во Франција, а јавноста бара оставка од него.

Според агенцијата Verian Group, Макрон е најнепопуларен француски претседател откако започнало следењето на јавното мислење почетокот на 1970-тите години.

Други институти за анкети дојдоа до слични заклучоци за падот на Макрон по неговата непопуларна одлука да ја зголеми возраста за пензионирање и месеците политички ќор-сокак предизвикани од неговата одлука да го распушти парламентот по триумфот на крајната десница на европските избори во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот