Макрон бара државна контрола на криптовалутите
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на регулирање на криптовалутите, односно нивна државна контрола, со цел да се спречи нивна „злоупотреба за терористички цели“ и да се спречи финансиски „Див запад“.
Препорачано
Според него, поради недостаток на регулатива, сите власти во светот можат да бидат соучесници во терористички активности и организиран криминал.
– Порано знаевме финансиски свет кој беше целосно нерегулиран. Постепено го регулиравме тој свет преку правилата за одржливост, ликвидност, а исто така и правилата за транспарентност со цел да ги следиме нелегалните текови и финансирањето на нелегални активности – рече Макрон.
Покрај регулирањето на криптовалутите, Макрон ги наведе „јасната заедничка борба“ и финансиската реинтеграција како приоритети за борбата против тероризмот во финансискиот свет.
– Секој пат кога ќе победиме терористичка група, ако не следат економски развој и политичка и административна нормализација, терористичките групи се враќаат затоа што нудат неформални економски можности – рече Макрон- пренесе Каматица.
Биткоинот денес се тргува околу 67.000 долари – пазарот внимателно ја следи глобалната неизвесност
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


