Македонските винарии на дланка: Покрај најдобрите домашни вина, на странците им се нуди и гастрономска понуда

Фото: ВИНОПЕДИЈА

До крајот на јуни во винскиот регистар се евидентирани 250 винарии, а од нив 167 се семејни винарии, а другите се комерцијални фирми – винарии

Изработена е првата винска енциклопедија ВИНОПЕДИЈА, на која се лоцирани сите регистрирани македонски винарии. Онлајн винската карта е бесплатна и достапна преку Гугл Мапс. Квалитетот и сигурноста на објавените информации се обезбедени со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите Михаил Петков и Златко Прцуловски.

-Во првите 6 месеци од оваа година регистрирани се 100 нови винарии. Министерството за земјоделство, до крајот на јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии, а од нив 167 се семејни винарии, а другите се комерцијални фирми – винарии. На винската карта покрај винариите во соработка со НУК – Независната угостителска комора, мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и вински музеи, како и угостителски објекти – хотели и вински ресторани кои нудат специјализирани вински дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите на винските дестинации – вели Здравко Јосифовски, автор и иницијатор на овој проект.

Подготовката на првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта изврши геолоцирање и дигитално мапирање на регистрираните винарии, за да им овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање на винариите за нивно понатамошно истражување. За помалку од 24 часа од објавувањето на онлајн винската карта повеќе од 1.000 корисници ја посетија и започнаа да ја користат, додава Јосифовски.

Онлајн верзија на картата овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Винските карти ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за винариите, винските рути и винската понуда од македонските семејни и останати винарии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот