Македонските тениски надежи Алексовски и Грујиќ триумфираа на турнирот во Анталија

Македонскиот тениски тим во Анталија, Турција/фото: mtftennis.mk

Македонскиот тениски тим имаше успешен настап на турнирот за тенисери и тенисерки до 14 години што се играше во Анталија, Турција, како дел од тренинг кампот. Македонските претставници имаа две финалиња, со еден триумф.

Марко Алексовски и Александар Грујиќ триумфираа на турнирот за момчиња до 14 години во конкуренција на двојки. Тие во финалето ги победија ривалите од Грузија Зука Качеишвили и Зураб Кизамбарели со 2:0 во сетови 6:3 и 7:5.

На чекор до победничкиот пехар беше и Сара Митевска која поради болки во грбот го предаде финалето на Теа Ковачевиќ од Босна и Херцеговина (втора носителка). Митевска откако го загуби првиот сет со 6:2 во гемови и во вториот губеше со 1:0 го предаде мечот. Македонската тенисерка имаше одлични резултати на патот до финалето пред сè победата во полуфиналето над првата носителка и фаворитка Ерчин Jал Јавуз од Турција. Митевска победи со 2:0 во сетови (7:5, 7:6 (2)). Во првите две кола Митевска ги победи Мариа Азизјан 2:0 (6:2, 6:0) и Жана Куношиќ 2:0 (6:2, 6:1).

Втората македонска претставничка во поединечна конкуренција Анастасија Арсовска заврши на 10 место. Во конкуренција на двојки македонските тенисерки загубија во полуфиналето од Теа Ковачевиќ и Жана Куношиќ со 6:4 и 6:1, откако претходно ги победија Ања Адемовиќ и Ања Дрекаловиќ од Црна Гора со 3:6, 6:4 (10:2).

Македонските момчиња во поединечна конкуренција имаа тежок ждреб. Марко Алексовски заврши на петтото место, но во четвртфиналето од победникот на турнирот Керем Генц од Турција со 6:4 и 6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот