Македонските спортисти ќе бркаат медали во десет спортови на Медитеранските игри во Оран

Македонските спортисти во Оран, Алжир одат со намера да освојуваат медали на Медитеранските игри. Македонија ќе има натпеварувачи во десет спортови и се очекува освојување на неколку медали.

На минатите Медитерански игри што се одржаа во Тарагона, Шпанија, Македонија освои шест медали, но амбициите и желбите се во Оран, колекијата да биде поголема.

– Се надеваме на поуспешни настапи и поголем број на освоени медали. Ова се натпреварувања на кои голем број наши спортисти имаат шанси да ги натпреваруваат со други спортисти од големи држави. Во нормални услови, тие би немале таква можност, затоа Медитеранските игри за нас се многу важно натпреварување – вели спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, Владимир Богоевски.

 

На прес-конференцијата пред заминувањето на македонската делегација во Оран, присуствуваа поголем дел од нив, а јавноста најголеми очекувања има од актуелниот олимписки вицешампион Дејан Георгиевси.

– На претходните МИ освоив сребрен медал, а сега одам по златото. Се надевам дека Македонија ќе освои повеќе медали во Иран, барем да бидат над десет – порачува Георгиевски кој заедно со каратистката Симона Заборска ќе бидат знаменосци на свеченото отворање на Игрите.

Македонската делегација број 114 лица од кои 77 се спортисти кои ќе се натпреварувааат во десет спорта и тоа ракомет, одбојка, таеквондо, карате, џудо, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување. На МИ во Оран се очекува да настапат 3.390 спортисти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот